Фудбалската легенда од Бразил не крие дека има проблеми со менталното здравје.
Роналдо Луис Назаиро де Лима јавно проговоре за личната борба со стресот и притисокот во спортот. Односно долгорочните последици.
-Одам на терапија и веќе две ипол години сум во тој процес. Тоа му дозволува да сфатам што сум чувствувал претходно. Јас сум од генерацијата каде само ќе те фрлеа во оган. Мораше тоа да го поминеш без да бараш помош. Кога ќе погледнам назад повторно, гледам дека сум бил изложен на голем ментален стрес без да бидам подготвен на тоа. Немаше грижа за менталното здравје на играчите, додека денеска се многу подобро подготвени, изјави Роналдо во интервју за „Марка“.
Пензионираниот голгетер се наоѓа во Шпанија поради снимање на документарен филм за неговиот живот и кариера. За „Марка“ отворено зборува за депресијата која со мачела и додека ги носел копачките.
-Денес играчите ја добиваат потребната медицинска помош за да се соочат со се и постојат студии за тоа како играчите регираат и како би требало да реагираат. Кога јас бев играч тоа го немаше. Познато е дека фудбалот е голем стрес и дека може да носи голема тежина за играчите, вели Роналдо кој ги советуваше фудбалерите да побараат помош кога имаат проблем.