Светското првенство во Катар ќе биде петто за напаѓачот на Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо. Покрај Роналдо во нападот на Португалците е уште и Жоао Феликс кој не игра во најдобра форма во Атлетико кој во последно време се мачи со резултатите.
Во составот на Португалците нема некои посебни изненадувања и тука се сите што се очекуваше да бидат. Напаѓачот на Ливерпул Диого Жота како е што познато отпадна поради повреда. Проблеми со повреда имаше и Рубен Невеш, но тој сепак ќе биде спремен.
Ќе потсетиме, Португалија на Светското првенство во Катар се пласираше откако во финалниот бараж ја победи Македонија на „Драгао“.