Познати се финалистите на Глоуб Сокер наградите во категоријата „Најдобар играч на годината“.
Во потесниот избор влегоа: Карим Бензема, Тибо Куртоа (двајцата од Реал Мадрид), Роберт Левандовски (Барселона), Лионел Меси, Килијан Мбапе (двајцата од ПСЖ), Ерлинг Халанд (Манчестер сити), Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед), Луис Дијаз, Мохамед Салах и Садио Мане (тројцата од Ливерпул).
Номинирани за наградата играч на годината во избор на навивачите преку Тикток се: Кевин де Брујне, Ерлинг Халанд (двајцата од Манчестер сити), Карим Бензема (Реал Мадрид), Роберт Левандовски (Барселона), Лионел Меси (ПСЖ), Мохамед Салах (Ливерпул) и Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед).
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи во Дубаи (ОАЕ) на 17 ноември.
Најтрофеен досега е Кристијано Роналдо – наградата за најдобар играч на годината ја доби шест пати.