сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо на првиот тренинг со Јунајтед дојде во автомобил вреден 200.000 евра (ВИДЕО)

Роналдо на првиот тренинг со Јунајтед дојде во автомобил вреден 200.000 евра (ВИДЕО)

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо го одработи првиот тренинг со своите нови соиграчи во Манчестер Јунајтед, а го привлече вниманието и на британските медиуми поради изборот на автомобил со кој доаѓаше во Карингтон центарот!

Имено, Роналдо го избра Ламборџини Урус, чија цена е околу 200.000 евра, а кој често се нарекува и супер теренец.

Урус е произведен во 2018 година и достигнува максимална брзина од 305 километри на час.

Она што секако е важно кога станува збор за автомобилите на Роналдо, е најавата дека Португалецот следната година ќе добие нов модел на Бугати, кој ќе чини неверојатни осум милиони евра!