петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо не можеше да сoкрие колку е разочаран после ремито со Евертон (ВИДЕО)

Роналдо не можеше да сoкрие колку е разочаран после ремито со Евертон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ремизираа денеска на домашен терен против Евертон (1:1) во натпреварот од седмото коло во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ поведоа во 43. минута од натпреварот кога Марсијал погоди за 1:0, но Евертон дојде до 1:1 во 65. минута кога мрежата на домашниот тим ја затресе Таунсенд.

Кристијано Роналдо го започна натпреварот од клупата, што беше изненадување за навивачите на Јунајтед, а доби шанса во последниот половина час.

Сепак, овој пат Португалецот не успеа да постигне нов гол и да му донесе победа на својот тим, а по натпреварот беше многу разочаран од резултатот.

Додека одеше кон тунелот, камерите го снимија Роналдо, кој не ја криеше својата фрустрација поради денешниот резултат.

Секако, англиските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат дека Роналдо најмногу бил лут што Олд Гунар Солскјер го остави на клупата на денешниот натпревар.