среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо не се предава: Ќе го вратам стариот сјај на Манчестер Јунајтед

Роналдо не се предава: Ќе го вратам стариот сјај на Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и португалски репрезентативец Кристијано Роналдо изјави дека ќе даде се од себе клубот од „Олд Трафорд“ да го врати на стариот сјај, пренесуваат британските медиуми.

Роналдо (37) сезонава одигра 38 натпревари за „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања и има постигнато 24 гола.

– Мотивиран сум да продолжам да работам напорно, бидејќи се уште имам љубов кон играта и Манчестер Јунајтед. Моите соиграчи ми помагаат да успеам во мојата намера. Секогаш е убаво да се постигнуваат голови за овој тим, но најважно ми е да победам што повеќе натпревари и да освојам првенство или куп. Искрено верувам дека можам да го вратам Манчестер Јунајтед таму каде што припаѓа. Потребно е време, но јас верувам во тоа – изјави Роналдо, пренесе Скај Спорт.

Јунајтед ја заврши сезоната во Премиер лигата на шестото место на табелата со 58 бодови и следната сезона ќе игра во Лига Европа.