петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо не се согласува со Тите: Мора да го носи овој играч во Катар со репрезентацијата

Роналдо не се согласува со Тите: Мора да го носи овој играч во Катар со репрезентацијата

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо, е лут на селекторот Тите, поради тоа што на списокот играчи за СП во Катар, не го ставил младиот 16 годишен Ендрик.

Ендрик е голема надеж на бразилскиот фудбал и член на Палмеирас, а интересно е што досега има одиграно само пет натпревари во сениорскиот фудбал и на нив има постигнати три гола и асистенција, но Роналдо смета дека требало и тој да се најде на списокот.

„Се жалат на отсуството на Габигол, но ако беше потребен еден млад играч кој ќе биде дел од групата играчи, јас би го избрал Ендрик. Мислам дека дечкото има блескава иднина и веќе сега се однесува како професионалец. Тоа ќе беше сензационално искуство за него и за репрезентацијата“, истакна Роналдо.

Екс напаѓачот на Реал, Интер, Барселона и Милан, напомена дека тој 1994 година бил на СП со Бразил како 17 години во Америка.

„Дунга не го зема со себе Нејмар 2010 година, иако тоа го бараше цел Бразил. Мене ме поведе Переира во 1994 година за Америка, потоа Сколари во 2002 го однесе Каку на СП. Затоа сметам дека појавувањето на Ендрик ќе беше одличен потег за иднината на националниот тим“, порача Роналдо.