петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо првпат во кариерата без шут кон голот на противникот 

Роналдо првпат во кариерата без шут кон голот на противникот 

Репрезентацијата на Португалија синоќа во Лисабон загуби од Србија во последниот натпревар од групната фаза квалификациите за Светското првенство во 2022 година (1:2) и не успеа да обезбеди директен пласман на Мундијалот во Катар.

Најголемата ѕвезда на португалскиот фудбал, Кристијано Роналдо, кој го одигра целиот натпревар, не упати ниту еден прецизен удар кон голот на Србија. Ова е прв пат во кариерата на 36-годишниот фудбалер да не упати удар кон противничкиот гол во квалификациите за Светското првенство.

Португалците по овој пораз го освоија второто место во групата и за пласман на Мундијалот во Катар ќе мора да се изборат преку бараж.