четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо сподели фотографија со Меси: Убаво е да се видат некои стари пријатели (ФОТО)

Роналдо сподели фотографија со Меси: Убаво е да се видат некои стари пријатели (ФОТО)

Кристијано Роналдо по подолго време повторно беше активен на фудбалските терени и тоа на пријателскиот меч во кој комбинираниот тим на ѕвезди на Ал Наср и Ал Хилал се сретна со францускиот првак Пари Сен Жермен.

Средбата во Ријад донесе 9 голови и победа на „светците“ од 5-4 иако од 39 минута играа без исклучениот Бернат. Роналдо беше најрасположен за игра ако се погледнат стрелците затоа што беше автор на два гола и тоа во првото полувреме, партија која донесе задоволство и среќа кај него, па по овој меч се огласи на социјалните мрежи со порака и неколку фотографии од која една е со Лионел Меси, неговиот долгогодишен голем ривал.

-Многу сум среќен што се вратив на теренот и што се запишав во листата на стрелци. Беше убаво да се видат некои стари пријатели, -порача Кристијано.