вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рос Браун: Прерано е Мик Шумахер да вози во Формула 1

Рос Браун: Прерано е Мик Шумахер да вози во Формула 1

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун верува дека се уште е премногу рано Мик Шумахер да се проба во најсилна серија во светот. Син на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер вози во Формула 3, каде што е лидер на сезоната.

– Напредокот на Мик е охрабрувачки. Неговото дело предизвикува многу сеќавања во мене, но треба да се оди постепено за подготвено да се влезе во Формула 1. Ако сега го пуштиме во елитата – може да изгори. Мик е многу зрел млад човек, тој разбира дека се уште треба да расте. Формула 2 ќе биде логичен следен чекор за него, вели Браун.

Мик Шумахер (19) години бележи одлични резултати во трките од Формула 3 и пројави  амбиции да вози во најсилната класа – елитната Формула 1.