понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Румениге го потврди заминувањето на Тијаго Алкантара во Ливерпул

Румениге го потврди заминувањето на Тијаго Алкантара во Ливерпул

Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге го потврди трансферот на играчот за врска Тијаго Алкантара во Ливерпул.

Баерн постигна договор со Ливерпул, Тијаго заминува, ги пренесува зборовите на Румениге новинарот на „Билд“, Хеико Ниддерер.
Според „Sky Sports“, Ливерпул ќе плати 20 милиони фунти за 29-годишниот Шпанец. Исто така, зделката подразбира можна исплата на бонус од седум милиони фунти, што ќе се изврши во случај „Мерсисајдите“ да ја освојат Премиер лигата или Лигата на шампионите. Дел од бонусите Ливерпул е должен да ги плати доколку играчот достигне одредени индивидуални статистички индикатори.

Алкантара минатата сезона забележа 40 настапи за Баерн и постигна три гола со две асистенции.