Вејн Руни може да ја продолжи кариерата во САД, откако води преговори со Ди Си Јунајтед, објави весникот „Сан“.
Триесет и две годишниот напаѓач на Евертон не е задоволен од својата улога во тимот под водство на Сем Алардајс и сериозно ја разгледува можноста да замине во странство, иако има договор за уште една година со „карамелите“.
Руни се уште се смета за напаѓач, додека Алардајс отворено го насочува да игра во средина на теренот, што воопшто не му се допаѓа на првиот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед.
Во последните недели разговорите меѓу претставниците на Руни и тимот од Вашингтон се зачестени, а останува да се дознае каква ќе биде одлуката на играчот и дали тој ќе го следи својот поранешен соиграч Златан Ибрахимовиќ.
Вејн постигна 10 голови во сезоната во Премиер лигата, со што му помогна на тимот од Ливерпул да се стабилизира во средината на табелата, но сигурно амбициите при враќањето на „Гудисон“ беа доста поголеми.