петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Русите ќе се жалат поради суспензијата од ФИФА и УЕФА

Русите ќе се жалат поради суспензијата од ФИФА и УЕФА

УЕФА и ФИФА ги послушаа предлозите на Интернационалниот олимписки комитет, па веднаш решија дека Русија треба да добие суспензија поради војната со Украина.

„Не се сложуваме со оваа одлука за суспензија на сите руски тимови на неодреден период. Веруваме дека оваа одлука е во спротивност со нормите и принципите на меѓународните натпреварувања, но и духот на спортот. Очигледно има дискриминаторски карактер и им штети на голем број спортисти. Го задржуваме правото да се жалиме на оваа одлука на ФИФА и УЕФА“, соопштија од Руската фудбалска Федерација.