Руски судии ќе бидат задолжени да ја делат правдата на дуелот меѓу Германија и Македонија во рамките на третото коло од квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година.
Сергеј Карашев ќе застане на центарот на „Шојнсленд Рајзен Арена“ во Дуизбург. 41-годишникот не е непознаница за нашата репрезентација, кој ја делеше правдата на дуел со Шкотска пред девет години. Помошници ќе му бидат Максим Гаврилин, Игор Демешко и Владимир Москалев.
Натпреварот Германија – Македонија се игра в среда со почеток од 20;45 часот.