петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сагата продолжува: Килијан Мбапе е достапен играч… За 200 милиони евра!

Сагата продолжува: Килијан Мбапе е достапен играч… За 200 милиони евра!

Пари Сен-Жермен ќе го постават Килијан Мбапе на фудбалскиот пазар во летниот преоден рок доколку тој не потпише нов договор до крајот на јули, и еден од најпосакуваните фудбалери на светот ќе биде достапен за фантастични 200 милиони евра, тврди „РМЦ спорт“.

Ситуацијата на ПСЖ не е најдобра – Мбапе не е подготвен да се откаже од гарантираните пари кои му следуваат како бонуси за лојалност ако остане во Париз до 2024 година, но во исто време не сака да го продолжи договорот. Реал Мадрид, првата цел на Французинот не би биле подготвени да платат толку голема сума, откако веќе го донесоа Џуд Белингем од Борусија Дортмунд за 103 милиони евра.

Но, „Л’Екип“ тврди дека „кралевите“ и нивниот претседател Флорентино Перез остануваат во игра за Мбапе и дури е возможно да ги исполнат барањата на ПСЖ.