Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах е подготвен да се откаже од личните награди доколку би можело да повтори финалето од Лигата на шампионите.
Во решавачкиот натпревар од елитното фудбалско натпреварување „црвените“ загубија од Реал Мадрид (0:1).
-Да се добие признание од навивачите и од новинарите во една сезона е нешто посебно, ова никогаш нема да го заборавам. Би се откажал од сите овие лични награди за можноста да го преиграм тоа финале (Лигата на шампионите), но фудбалот не функционира така, напиша напаѓачот на Твитер.
Ливерпул оваа сезона ги освои Лигата и ФА купот и заостана еден бод зад шампионот Манчестер сити во Премиер лигата.
Дваесет и деветгодишниот Египќанец беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата во завршената сезона според навивачите и новинарите.
Во сезоната 2021/22, Салах одигра 51 натпревар за Ливерпул во сите натпреварувања, постигнувајќи 31 гол и 16 асистенции. (МИА)