Ливерпул е првиот финалист во Лигата на шампионите откако синоќа во полуфиналето го елиминираше Вилјареал. „Црвените“ играат историска сезонава и се на добар пат да успеат да ги освојат сите трофеи, што досега му се нема случено на ниту еден англиски клуб.
Првата ѕвезда на тимот, Мо Салах вели дека во финалето за противник го сака Реал Мадрид, со што би добил можност за одмазда за поразот во Киев, кога Салах во првото полувреме беше повреден од Серхио Рамос и мораше да биде предвреме заменет.
„Да бидам искрен сакам да играм против Реал Мадрид. Тие еднаш не победија во финалето сега сакам реванш“, изјави накратко Салах.
„Кралевите“ вечерва на домашен терен против Манчестер сити имаат задача да ја анулираат негативата од 4-3 по првиот меч на „Етихад“.