Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах, има договор со овој тим до 2023 година, а на прашањето зошто не го продолжи договорот, тој изјави дека досега не добил понуда од клубот.
– Никој во клубот не зборувал со мене на оваа тема, не можам да кажам ништо повеќе од тоа бидејќи не сум добил понуда.Навистина е убаво да победуваш, сакам пак да ги освојам Премиер лигата и Лигата на шампионите, важен дел од нашата работа е да освојуваме трофеи, – изјавил Салах.
Египетскиот репрезентативец постигна 120 голови за Ливерпул од 2017 година.