четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Салах ќе потпише нов договор со Ливерпул

Салах ќе потпише нов договор со Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, планира да го продолжи договорот со својот сегашен клуб, обелодени египетскиот министер за спорт Ашраф Собхи.

Членот на египетската Влада наведе дека го советувал сонародникот да замине од „Енфлид роуд“, но оти Салах му рекол дека најверојатно ќе го продолжи договорот, пренесе британскиот сервис Би-Би-Си.

Салах и Собхи разговарале минатата недела по поразот во финалниот бараж од мундијалските квалификации против Сенегал.

– Му советував да го продолжи своето патување во некој друг клуб, но тој оди кон тоа да го продолжи договорот, наведе египетскиот министер за спорт.

Дел од британските медиуми неодамна пренесоа дека Салах е блиску до продолжување на соработката со Ливерпул, наведувајќи дека ќе потпише нов четиригодишен договор за повисока месечна плата од 400.000 фунти.