Ливерпул стави крај на шпекулациите за заминување на Мохамед Салах, потврдувајќи дека египетскиот фудбалер потпиша нов договор.
Напаѓачот стави потпис на тригодишен договор, што значи и гаранција за Јирген Клоп дека уште долго ќе смета на првата ѕвезда на екипата.
Салах ќе заработува околу 400.000 фунти неделно, со што се исполнети најголем дел од неговите барања и со што ќе стана најплатен фудбалер во историјата на Ливерпул.
– Се чувствувам одлично и возбуден сум што ќе освојувам трофеи со клубот. Ова е среќен ден за сите, – вели Салах во својата прва изјава.