Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не го вклучува напаѓачот Алексис Санчез во неговите планови за новата сезона. Чилеанецот во моментов е на позајмица во Интер, но „нероазурите“ нема да ја платат откупната клаузула и тој мора да се врати на „Олд Трафорд“.
Солскјер пред извесно време изјави дека е подготвен да му даде уште една шанса на Санчез, но според „Атлетик“, тренерот веќе се предомислил и нема намера да се потпира на 31-годишниот играч.
Сепак, ова го става Манчестер Јунајтед во многу комплицирана ситуација. Клубот ќе мора да бара нов напаѓач тим, но ова може да биде доста тешка задача. Чилеанецот прима 400.000 евра месечно и е најплатен играч на „црвените ѓаволи“. Сепак, неговата висока плата ќе одврати многу клубови кои се заинтересирани за него.
Во исто време, Јунајтед планира да ја понуди „седмицата“ на нивната главна трансфер цел – Џејден Санчо, што е уште еден знак дека Санчез не е во плановите на тренерскиот штаб.