Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, ќе го смени клубот на крајот на сезоната.
– На лето, тој дефинитивно ќе го напушти Дортмунд. Не е јасно каде ќе оди. Слушнав дека Манчестер јунајтед е еден од големите клубови кои се заинтересирани за тоа, објави Јеско фон Ајхман, новинар на „Скај спортс“.
Директорот на Борусија, Мајкл Цорк, минатата недела изјави дека сè уште не добил никакви понуди Санчо.
Денес се појавија шпекулации дека во трка за потписот на 19-годишниот фудбалер влегува и актуелниот европски шампион Ливерпул.
Договорот на Санчо со Борусија важи до јуни 2022 година.