Играчот за врска на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо нема да му се приклучи на Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок, пренесува „Билд“.
Според изворот, „црвените ѓаволи“ сакаа да го вратат 20-годишниот Британец во својата татковина за време на летниот преоден рок, но клубовите не можеа да се договорат околу висината на обештетувањето. Дортмунд бараше за Санчо 120 милиони фунти, а Британците можат да дадат само 90 милиони. Затоа, зделката е одложена за следното лето.
Во сезоната 2019/20, Санчо одигра 44 натпревари за Борусија, постигна 20 гола и 20 асистенции. (МИА)