четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Санто проговори за отказот од Тотенхем

Санто проговори за отказот од Тотенхем

Поранешниот тренер на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто проговори за отказот од лондонскиот клуб.

– Фудбалот е безмилосен. Пред неколку недели бев прогласен за тренер на месецот, а сега сум отпуштен од Тотенхем. Таков е животот, сега одам напред во потрага по мојот следен предизвик. И сакам да им се заблагодарам на навивачите на Спарс. Кога дојдов во овој голем клуб, сонував да освојувам трофеи со него, но не одеше сè според планот. Ова е животот, секогаш учиш нешто, напиша Санто на Инстаграм.

На 1 ноември, Тотенхем го објави отказот на Нуно Еспирито Санто како главен тренер на тимот. Заедно со тренерот, лондонскиот клуб го напушти целиот негов стручен штаб.