Португалците против Швајцарија блескаа и без првата ѕвезда Кристијано Роналдо кој влезе во игра кога се беше готово околу патникот во четвртфиналето.
Одлуката на селекторот Фернандо Сантош да го изостави ветарнот од почетната постава беше изненадување за многумина, но според стратегот се е во ред и Кристијано тоа го прифатил како што треба, како вистински лидер.
-Веќе тоа го објаснив, нема повторно тоа да го направам. Роналдо и Рамош се различни играчи. Нема проблем меѓу Фернандо Сантош и капитенот на репрезентацијата, ние сме пријатели со години. Некои работи не влијаат на нас. Веќе објаснив се дека таму се е решено, тој даде одличен пример, како вистински капитен, -рече Сантош кој проговори за сигурниот триумф.
-Ова не беше баш совршено шоу, но би рекол дека беше многу успешно. Однесување, концентрација во секој момент од натпреварот. Сигурно беше голем натпревар, но сега најважно е да се спушти топката, -предупреди Португалецот.