петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сари: Азар е најдобар во Европа, може да постигне 40 гола

Сари: Азар е најдобар во Европа, може да постигне 40 гола

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари беше восхитен од претставувањето на Еден Азар на натпреварот со Кардиф (4:1).

Белгиецот вчера беше херојот на „Стемфорд бриџ“, постигнувајќи „хет-трик“ за успехот на „сините“.

По дуелотот, Сари изјави дека Азар е најдобар фудбалер во Европа и лесно може да постигне 40 гола до крајот на сезоната.

– До неодамна мислев дека Азар е еден од најдобрите играчи во Европа, но сега го менувам своето мислење и велам дека е најдобар. Сметам дека тој може да стане уште подобар, ако се научи да заштеди сили во последните 50-60 метри пред противничкиот гол. Кога ние ја држиме топката, тој ја допира пет-шест пати во нашата половина. Така троши многу енергија, која е подобро да ја користи во последните 25 метри пред голот на противникот. Тогаш може слободно да постигне 30-35 гола. Зборував со него пред неколку дена и му кажав дека може да постигне 40 гола, ако се научи да штеди енергија, изјави Сари по мечот.

Челзи ја започна одлично сезоната под водство на новиот тренер, откако има пет победи од пет меча.