среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сари: Лацио одигра добро против Наполи и не заслужи да загуби

Сари: Лацио одигра добро против Наполи и не заслужи да загуби

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, смета дека неговиот тим незаслужено загуби синоќа од Лацио во дербито на 27. коло на италијанската Серија А.

– Покажавме добра игра, доминиравме во првото полувреме. Во второто полувреме малку загубивме и ја плативме цената, примајќи гол во самиот финиш на натпреварот. Меѓутоа, ако пред три месеци сите мислеа дека Наполи е премногу тежок за нас, тогаш денеска имавме одлични шанси – имавме повеќе шанси за гол. Треба да научите како да ја читате играта за да постигнете резултати. Ова е прашање на детали, бидејќи денеска одигравме добро и не заслуживме да загубиме, истакна Сари за „Football Italia“.

Лацио е седми во Серија А со 43 бода, додека Наполи е на делба на првата позиција со Милан со по 57 бодови.