четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Саудгејт: Данска веќе еднаш го освои ЕП

Саудгејт: Данска веќе еднаш го освои ЕП

Во второто полуфинале на ЕУРО 2020 во среда, Англија е пред голем предизвик. На домашен терен, се среќаваат со Данска во меч во кој многумина ги сметаат за апсолутни фаворити. Сепак, селекторот на Англичаните, Герет Саутгејт, упати предупредување до фудбалерите.

„Данска еднаш го освои Европското првенство, така што тие имаат подобар скор од нас и мислам дека луѓето во Англија го заборавија тоа. Никогаш во нашата историја не сме стигнале до финале, па затоа ова е одлична можност за нашите играчи да влезат во историјата“, потсети Саутгејт.