среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Саудиска Арабија сака да го организира СП2030 заедно со Грција и Египет

Саудиска Арабија сака да го организира СП2030 заедно со Грција и Египет

Саудиска Арабија има намера да се кандидира за домаќин на Светското фудбалско првенство во 20230 година, заедно со Грција и Египет.

Ова, како што објавија денеска локалните медиуми, го најави саудискиот министер за туризам Ахмед Ал Катеб, кој изрази уверување дека тројната кандидатура за организација на еден од најголемите спортски настани би било добитна комбинација.

–Во моментов преговараме и ја осмислуваме заедничката кандидатура. Но, мислам дека тоа би била победничка понуда. Овие три држави би биле подготвени да вложат многу во инфраструктурата. Тоа што особено можам да го ветам дека Саудиска Арабија би знаела и можела да изгради уметнички дела кога се во прашање фудбалските стадиони, но и целата друга придружна инфраструктура, изјави Ал Катеб.

Следното Светско првенство во 2026 година заеднички ќе го организираат САД, Канада и Мексико.