Шпанскиот репрезентативец Саул Нигез ќе стане нов член на актуелниот европски шампион, а доаѓа од Атлетико Мадрид на позајмица.
26-годишниот фудбалер ја освои титулата во Шпанија со Атлетико минатата сезона, а за јорганџиите одигра над 300 натпревари. Тој дебитираше за првиот тим на Атлетико уште во 2012 година како 17-годишник.
Желбата на играчот беше да се испроба во Премиер лигата, а претходно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, додека Барселона се обидуваше да го донесе во Шпанија.
Наводно, се е договорено меѓу сите страни и сега се очекува само официјална потврда за трансферот во последните часови од летниот преоден рок.
Скај Спорт објави дека Челзи ќе му плати на Атлетико четири милиони евра за позајмица, и дека има право да го купи играчот на крајот на сезоната за дополнителни 35 милиони евра.