четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Саутгејт: Импресиониран сум од Сенегал

Саутгејт: Импресиониран сум од Сенегал

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт во пресрет на натпреварот против Сенегал на Светското првенство во Катар изјави дека денешниот ривал е шампион на Африка и има голем натпреварувачки дух.

„Импресионирани сме од Сенегал. Тие се шампиони на Африка. Се работи за многу горд тим, има одличен натпреварувачки дух и има дух на доверба во тимот. Имаат одлични поединци кои можат да ни направат проблеми. Овој пат заслужија да влезат во осминафиналето. Целосно сме свесни за големината на задачата што ни претстои“, додаде англискиот селектор, посочувајќи дека неговиот тим мора да биде на најдобро ниво за да победи.

Натпреварот меѓу Сенегал и Англија во осминафиналето на Мундијалот е на програмата утре од 20.00 часот..