Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саудгејт ја исполни првата цел. Европскиот вицешампион го совлада Велс и со седум бода во групата Б ја архивира првата фаза од Светското првенство. „Гордиот Албион“ забележа победа од 3-0 против соседите и ќе игра против Сенегал за пласман во четвртфиналето.
„Ја контролиравме играта во првото полувреме, но не создадовме доволно шанси. Сакавме повеќе шутеви и шанси и да бидеме побрзи во нападот. Кога го постигнавме вториот гол, го завршивме натпреварот.Одличен натпревар за Рашфорд. Деновиве тренираше навистина добро. Можеше да постигне трет гол и да забележи хет-трик. Голот од слободен удар беше неверојатен“, изјави Саутгејт.