Селекторот на Англија, Герет Саутгејт размислува околу својата иднина во националниот тим.
– Мислам дека последните 18 месеци беа тешки за мене. И покрај тоа што се беше во ред изминативе неколку недели, јас сè уште анализирам и размислувам што се случуваше сето ова време. Во мојата глава во моментов има многу спротивставени мисли, па сакам да бидам сигурен дека одлуката ќе биде вистинската. Дефинитивно имам доволно енергија за да го направам тоа. Тешко ми беше да се справам со моите емоции по последните неколку турнири неколку недели. Потребно е многу енергија. Се појавуваат многу мисли. Сакам да бидам сигурен дека ќе биде точно ако одлучам да останам. Или ќе биде правилно ако одлучам да заминам. Мислам дека сега не е вистинскиот момент да се донесе таа одлука. Како и во следните неколку дена, изјави Саутгејт за „Би-би-си“.
Селекцијата на Англија загуби од Франција во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
Под водство на 52-годишниот Саутгејт, репрезентацијата стигна и до полуфиналето на СП 2018 и финалето на ЕП 2020 година. Неговиот договор со националниот тим е до 2024 година.