Англичаните во Доха славеа над Иран со убедливи 6:2 против Иран во рамки на првото коло од групата Б на Мундијалот во Катар.
„Игравме добро, имаше многу прекини, но нашиот пресинг и движењето беа навистина добри. Морам да бидам среќен, но не требаше да примиме два гола во таа фаза од играта“, рече Саутгејт по натпреварот.
Следен предизвик за Англија ќе биде дуелот со САД на 25 ноември.
„Мораме да уште подобри против САД. Ова е одличен почеток на СП, но мора да бидеме подобри“, додаде Саутгејт.
Стрелецот на два гола за Гордиот Албион, Букајо Сака изјави дека тој и неговите соиграчи покажале каков квалитет поседуваат.
„Ни беше потребен ваков добар почеток. Не одигравме добро на последниот меч пред да пристигнеме во Катар, имаше многу шпекулации за нашата форма, но на сите им покажавме каков квалитет на игра можеме да имаме и за што сме способни“, изјави Сака за Би-Би-Си