Пауло Дибала е дел од италијанскиот прволигаш Рома од минатата сезона, сезона во која експресно ги освои навивачите на овој клуб со своите настапи и посветеност.
Аргентинецот иако имаше и проблеми со повреди успеа да даде 18 голови и да запише 8 асистенции во сите конкуренции што е добар учинок за прва година во нов клуб. Напаѓачот добро се чувствува во Рим и според „Калчомеркато“ постои желба кај него да потпише нов договор.
Наводно тој го информирал директорот Тиаго Пинто дека има намера подолго време на остане на „Олимпико“, па сега се очекува да тргнат преговорите за соработка која би траела до јуни 2027 година.
Сегашната му завршува во 2025 година и во договорот имаше и клаузула со која за реално мала сума на пари можеше да си замине од „волчицата“.
-Ви благодарам во мое име и од тимот за поддршката секоја година. Тоа е фундаментално за нас. По една толку важна година за мене, тоа што ја добив сета оваа наклонетост беше неверојатна поддршка затоа што не ја очекував. Ве познавав многу малку, но веднаш направивте да се чувствувам како дома и тоа ми овозможува да се претставам подобро на теренот. Во текот на годината се обидов да ви дадам нешто за возврат. Бевме блиску до славје, но тоа беше неверојатна година за мене во секоја смисла, -истакна Дибала на еден настан.