Нема веќе билети за финалето на Светското фудбалско првенство во Русија, објави ФИФА на својата веб-страница.
Во решавачкиот натпревар на турнирот, кој ќе се игра во Москва на стадионот „Лужники“ во Москва ќе се сретнат Франција и Хрватска.
Последната можност да се дојде билет навивачите имаа пред три часа кога се уште беа достапни билети од прва, втора и трета категорија.
Почетокот на финалето е закажан за 17 часот.