Елиминацијата од фудбалската Лига на шампиони донесе големи проблеми во редовите на ПСЖ каде во следниот период со сигурност ќе има промени на многу полиња.
Веќе се шпекулира дека Маурисио Покетино ќе заработи отказ по крајот на сезоната и на негово место ќе пристигне Зинедин Зидан. Вчера излегоа информации дека и една од најголемите ѕвезди на клубот, Нејмар, ќе добие одврзани раце да бара нова средина откако не успеал да ги исполни барањата по неговиот рекорден трансфер вреден 222 милиони евра од Барселона.
Сега медиумите пишуваат дека од клубот ќе си замине и спортскиот директор Леонардо кој во последно време имал се повеќе несогласувања со првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи.
Прв пик на францускиот клуб, како што пишвуа „Тутомеркато“ бил Фабио Паратичи, некогашниот спортски оперативец на Јувентус, а сега член на управата на Тотенхем.