вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

СЕ ПОЈАВИ СПИСОКОТ: УЕФА пријавила дури шест натпревари под сомнеж за местење во Србија

СЕ ПОЈАВИ СПИСОКОТ: УЕФА пријавила дури шест натпревари под сомнеж за местење во Србија

Голема бура го погоди српскиот фудбал откако УЕФА го извести Фудбалскиот сојуз на Србија дека има сомнежи за наместени два натпревари во март.

Весникот „Денес“ објавува дека во последните пет кола, имало шест наместени натпревари според пријавата од Европската куќа на фудбалот. Во текстот на весникот се наведува дека местењето е направено поради заработка  од уплатите во обложувалниците, како и поради вообичаеното поклопување на бодовите по системот „три на три“.

Весникот ги објавува натпреварите за кои имаат информации дека УЕФА се сомнева на нив.

Младост – Златибор 0:2 (3. март, 25. коло)

Мачва- Пролетер 3:1 (7. март, 26. коло)

Рад– Радник Сурдулица 2:0 (21. март, 28. коло)

Нови Пазар – Пролетер 5:0 (21. март, 28. коло)

Младост– Раднички Ниш 4:1 (2. април, 29. коло)

Рад– Војводина 2:0 (7. април, 30. коло)

Сепак, во целиот случај треба да се напомене дека доколку УЕФА пријави сомнеж за некој натпревар, тоа автоматски не значи дека истиот е наместен.

Истрагата која во моментов е во рацете на ФСС треба да покаже дали навистина натпреварите за кои постои сомнеж биле наместени.