Обвинителството во Сан Исидра покрена обвинение против дури седум лица обвинети за смртта на Диего Армандо Марадона (Диего), пренесува ЕСПН. Неврохирург кој ја оперирал фудбалска икона, психијатар, психолог, друг лекар и три медицински сестри се товарат за „едноставно убиство со можна намера“.
Според аргентинските медиуми, истрагата наводно покажала дека Марадона „починал во агонија“ и дека неговата состојба одеднаш се влошила пред неговата смрт. Покрај тоа, се наведува дека работата на здравствените работници во овој случај била „несоодветна, полна со недостатоци и непромислена“.
Обвинителството исто така побара забрана за напуштање на земјата на седум медицински лица. Судењето треба да започне на 31 мај, а доколку бидат обвинети, им се заканува затвор од осум до 25 години.
Легендарниот Марадона почина на 25 ноември минатата година. Аутопсијата покажа дека причина за смртта е акумулација на течност во белите дробови што на крајот доведе до срцев удар.