понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Седуммина англиски навивачи уапсени во Минхен

Седуммина англиски навивачи уапсени во Минхен

Британската полиција соопшти денеска дека седум англиски навивачи се уапсени во Минхен пред натпреварот против Германија во фудбалската Лига на нации.

Телевизијата Скај пренесе дека навивачите биле лишени од слобода синоќа поради предизвикување немири и судири со полицијата, а скандирале и антигермански пароли и пееле песни поврзани со Втората светска војна.

Од седуммината, еден е приведен поради физички напад врз полицаец, двајца поради нацистички поздрав, додека кај еден полицијата во неговата хотелска соба пронашла пиротехнички средства.

Британската полиција ги опиша инцидентите како антисоцијално однесување поттикнато од алкохол.

Англискиот селектор Герет Саутгејт повеќе пати апелираше до навивачите да се однесуваат пристојно, посочувајќи дека инцидентите би можеле да влијаат Англија своите натпревари на домашен терен да ги игра без публика. (МИА)