По освојувањето на Лигата на шампионите, Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид, на секој играч му подарува подарок кој ќе го чува цел живот.
Поранешниот капитен Марсело, кој во саботата се прости од Реал на најдобар можен начин – со освојување на Лигата на шампионите, откри за што се работи.
Имено, во Реал Мадрид стана традиција, исто како и во НБА, по секоја ЛШ на играчите да им се доделува посебен прстен со бројот на европската титула.
Така сите играчи на Лос Бланкос во саботата навечер го добија прстенот со број 14 од Перез. Марсело им го покажа на медиумите.