четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Селекторот на Мароко како господин по поразот во историскиот меч Хрватска

Селекторот на Мароко како господин по поразот во историскиот меч Хрватска

Лавовите од Атласот имаа свои шанси кои не ги искористија, а селекторот Вахид Реграгуи се покажа како господин по мечот.

Овој тренер пред три месеци ги презеде Мароканците, а им го донесе најголемиот резултат во историјата. Иако имаше негодувања за време на мечот од страна на Реграгуи кај арбитрите, сепак, тој призна дека победил подобриот тим, во стил на голем спортист.

„Сигурно дека ќе научиме доста од ова Светско првенство. И понатаму сме среќни и горди за постигнатото. Да се биде четврти на вака голем настан не е мала работа. Честитки за Хрватите, заслужија да бидат трети. Околу судиите, не треба да дозволиме тие да бидат во центарот на вниманието на натпреварите. Ние ќе научиме доста од нашиот настап и ќе се вратиме посилни. Уште еднаш, честитки до Хрватска на заслужениот медал“, изјави селекторот на Мароко.