петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Семедо повторно со лисици на рацете: Малолетничка го обвини фудбалерот на Олимпијакос дека ја с**увал

Семедо повторно со лисици на рацете: Малолетничка го обвини фудбалерот на Олимпијакос дека ја с**увал

Само неколку дена откако е објавено дека левиот бек на Манчестер Сити, Бенџамин Менди е обвинет за силување, на уште еден познат фудбалер му се заканува затвор поради исто злосторство.

Грчките медиуми пренесуваат дека Семедо е уапсен.

Седумнаесет годишна девојка од Грција во обвини централниот дефанзивец на Олимпијакос и на репрезентацијата на Португалија, Рубен Семедо дека ја силувал. Ова лето тој требаше да го засили Вулверхемптон, но транферот пропадна. Причина за тоа е неговото полициско досие.

Во јануари 2018 година фудбалерот е обвинет за напад со пиштол во бар во Валенсија, а еден месец подоцна нападнал уште еден човек на кого потоа му влегол дома и го ограбил.

Грчките медиуми сега јавуваат дека вчера неименувана девојка го пријавил Семедо за силување. Според нејзиниот исказ тие се нашле во едно кафуле, каде тој се опил. Под дејство на алкохол ја однел дома каде го извршил силувањето. Во вторник е најавено дека ќе биде изведен пред органите на прогон.