Големото изненадување Буркина Фасо не успеа да го помине и Сенегал, Садио Мане се радува на пласман во финалето.
Уште во првото полувреме натпреварот беше динамичен, имаше напади и на двете страни, но мрежите мируваа дури до 70. минута кога Диаоло погоди за водство на Сенегал од 1-0.
Само шест минути подоцна по асистенција од Мане, Геј го зголеми водството на 2-0, но во 82. минута Туре реализира и ја врати селекцијата на Буркина Фасо во игра.
Сите нивни надежи ги сруши Мане кој погоди во 87. минута за конечна победа на Сенегал од 3-1.
Утре се игра второто полуфинале, Камерун против Египет.