недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Серхио Рамос доби „корпа“ од клубот кој го избра како идеална дестинација

Серхио Рамос доби „корпа“ од клубот кој го избра како идеална дестинација

Серхио Рамос и натаму е без клуб откако во јуни се раздели со ПСЖ, а се чини дека барем засега не може да пронајде соодветна опција за продолжението од својата професионална кариера.

Шпанецот не успеа да се договори со клуб од МЛС, ги одбил понудите од Саудиска Арабија и Турција, а се чини дека засега не може да му се исполни желбата за следната дестинација.

Се работи за матичниот клуб Севилја, клуб во кој Рамос со задоволство би се вратил, дури и по цена да се жртвува во однос на финансиските услови, но во моментов очигледно и тоа не е реална опција.

Агентите на дефанзивецот испратиле порака до андалузискиот клуб околу желбата на искусниот фудбалер, но вчера стигна одговор од спортскиот директор Виктор Орта.

– Не постои ваква можност во актуелната поставеност на екипата и клубот.

– Имаме шест стопери и клупскиот модел е да им дадеме шанса на помладите фудбалери. Мора да го следиме системот кој сме го поставиле, па според тоа Рамос не може да биде фудбалер на Севилја, – изјавил Орта.