сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Серхио Рамос го пропушта и реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите

Серхио Рамос го пропушта и реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите

Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос, многу веројатно ќе го пропушти и реваншот против Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите. Шпанскиот интернационалец има повреда на мускулот што ќе го спречи да се соочи со својот поранешен тим.

Серхио Рамос го пропушти и првиот дуел во Париз поради повреда. Реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ е на 9 март, а францускиот тим има предност од 1-0, со голот на Килијан Мбапе.