недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Серхио Рамос и понатаму е слободен, му пропадна еден трансфер

Серхио Рамос и понатаму е слободен, му пропадна еден трансфер

Шпанскиот ветеран Серхио Рамос и понатаму останува слободен играч и ќе бара нов клуб до крајот на овој преоден рок.

37-годишникот не размислува на пензија и бара нов предизвик во кариерата откако раскина со Пари Сен Жермен каде ја мина последната сезона. Рамос имаше понуди на своја адреса, но не успеа да ги реализира.

Поранешниот шпански репрезентативец се обиде да се врати во Севиља, но клубот каде се афирмира како играч го одби затоа што условите беа превисоки. Потоа, Рамос влезе во преговори со турски Бешикташ, ама и тој трансфер пропадна.

Информацијата ја потврди клубот кој истакна дека бил во преговори со Рамос и Талиска од Ал Наср, ама преговорите со двајцата завршиле затоа што финансиските барања на играчите биле преголеми.

Рамос играше за Севиља од 2003 до 2005, а потоа се пресели во Реал Мадрид каде играше од 2005 до 2021 година и стана легенда и еден од најдобрите стопери во светот. Авантурата во ПСЖ му траеше две години.