сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Серхио Рамос има нов клуб – eве каде ќе настапува од идната сезона

Серхио Рамос има нов клуб – eве каде ќе настапува од идната сезона

Довчерашниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос од идната сезона ќе ги брани боите на францускиот гигант ПСЖ, објави радио Монте Карло.

Според радиото, Рамос се договорил со ПСЖ да потпише двегодишен договор. Целата работа околу договорот ја завршниот братот на фудбалерот, Рене кој воедно е и негов менаџер. Се очекува во наредните неколку дена Рамос да ги заврши и лекарските прегледи по што и официјално ќе биде промовиран како нов фудбалер на ПСЖ.

Серхио Рамос последните 16 години ги помина во дресот за Реал Мадрид за кого одигра 671 натпревар и ги освои сите можни трофеи.
Причината за разделбата со Реал Мадрид беа финансиите, односно Рамос бараше двегодишен договор и платата да му остане идентична, 12 милиони евра по сезона. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, не сакаше да му ги исполни овие барања по што разделбата беше неизбежна.