И покрај шпекулациите, дефанзивецот на ПСЖ и шпанска фудбалска икона Серхио Рамос нема намера да го напутши тимот.
Рамос минатото лето стана дел од ПСЖ и имаше информации дека ќе си замине после една сезона, затоа што повеќе време мина на трибините отколку на теренот, но веројатно од тоа ќе нема ништо. Рамос сепак планира да го одработи договорот кој е со важност до 2023 година.
Поради повреда, Рамос одигра само четири меча во францускиот шампионат, а не беше во составот на двата натпревари против неговиот поранешен клуб Реал Мадрид, а тимот од Париз испадна од Лигата на шампионите во 1/8 финалето.