недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Серхио Рамос сака да остане во ПСЖ и следната сезона

Серхио Рамос сака да остане во ПСЖ и следната сезона

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос, сака да остане во тимот и следната сезона. Пред неколку дена дефанзивецот објави дека повеќе нема да игра за Шпанија, но не кажа ништо за неговите планови каде ќе ја продолжи клупската кариера.

Рамос нема да престане да игра на професионално ниво и би сакал доколку е можно да остане во ПСЖ, пишува „Л’Екип“.

Актуелниот договор на Шпанецот со парижаните истекува во летото 2023 година. Веќе почнаа разговорите за продолжување на договорот.Рамос изразил подготвеност кај раководството на ПСЖ да остане во клубот.

Во последните месеци Рамос се повеќе покажува лидерски квалитети во тимот на ПСЖ, а има и одлични односи со Килијан Мбапе и со Лионел Меси.